„За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 1

Нашите тела беа како едно, двата гушнати ја дочекавме нашата смрт, никој не можеше после ова да не раздели, ова беше нашето засекогаш.

И кога црниот автомобил удри во нас, тогаш повторно ние не се разделивме, повторно останавме заедно. Нашите души патуваа кон големото небо, бараа ѕвезда за да се засолнат и таму вечно да одмараат, да набљудуваат и да се сакаат. Ама ние бевме Софија и Лео и за нас мир немаше ни на небото. Како што душите излегоа од нашете тела и благодарение на гравитацијата почнаа да патуваат кон ѕвезденото небо, така на половина пат, пред нас избувна нешто како експлозија која ја имаше моќта да не раздели, не одвои еден од друг, а потоа и двата изчезнавме, заминавме во неповрат, или некаде уште подалеку.

Софија

Некој како со правосмукалка да ме шмукна, ме голтна, пред мене се појави зрак светлина и јас се најдов на земјата помеѓу едни големи зимзелени дрвја. Сама, во таа густа шума, а надвор беше мрак, ладно…

Лео

Бев разделен од Софија, а моето тело го чуствував како да е пресечено со пила. Наеднаш пред очите видов зрак светлина и се најдов себеси на дното од  некое море, океан или езеро. Бев заглавен меѓу некои корали, низ мене пливаа риби. Ја сакам Софија, мора да ја пронајдам, ми недостига нејзината прегратка, сигурно е исплашена. 

Сам сум во овие диви водо каде секој молекула од моето тело ми мрзне.


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.