„За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 11

zadatepronajdam

Лео

Апокалипса, после неколку месеци конечно сум до неа, конечно ја примив мојата доза, конечно се испијанив од мирисот на кокос, ох Боже! Моите усни ја допираат нејзината кожа, од вратот моите бакнежи ги спуштав по должината на нејзината рака, потоа со трите прсти(палецот, показалецот и средниот прст) ја допирам, ја лизгам мојата дланка од почетокот на нејзината рака, нагоре, до увото. Косата која е како свила и’ ја тргам од лицето, а со прстот и’ ја допирам долната усна. Нема никој, сами сме, моја е.

Софија

Станав балерина, бидејќи со секој допир по моето тело, јас танцував, се препуштав, не се противев, уживав. Но кога и да се завртев со главата на горе, за да го пронајдам Лео, него го немаше.  Но имаше нешто друго, не бев полудена, во тоа бев сигурна, знаев дека некој ме гледа в очи секогаш кога ќе се завртев нагоре со главата, знаев дека некој ме бакнува, а исто така знаев дека пронајдов се’ што ми недостигаше со Лео, она по кое веќе со месеци копнеев.

Претходната епизода прочитајте ја ТУКA.



ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.