„За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 2

zadatepronajdam

Софија

Веќе со часови чекав, не се мрднав од местото, посакував да ме пронајде Лео, но од него немаше ни трага ни глас. Пред се знаев дека сум мртва и неможев да сватам како воопшто сум способна да размислувам. Со раката проверив дали случајно ми чука срцето, но сфатив дека тоа нема ни најмал знак за живот. Потоа со два прсти се допрев на вратот и проверував дали имам пулс, но и тоа го немаше. Градниот кош не се движеше па сфатив и дека не дишам. Е сега неможев да сфатам само едно, како успевам да размислувам и да седам тука ако ништо од мене не работи, не е живо и не функционира. Решив одговорите да ги барам низ ова чудно место, можеби ќе сретнам некоја мачка што зборува или пак неко дрво што ги знае сите тајни, незнам, но се надевам дека за скоро ќе бидам повторно со Лео, затоа што дури и мртво, моето срце повторно го бара него.

Почнав да пешачам низ шумата, сеуште беше мрак, не гледав каде одам, но продолжив. Под стапалата ми крцкаа испопаднатите гранки, ветерот ме смрзна како да сум санта мраз која бранот ја носи некаде, но ни тоа не ме спречи да се движам. Остана само едно нешто што не проверив за да се уверам дека сум мртва а тоа е… пред мене се појави некоја голема сенка, се стаписав, дури и моето мртво срце потскокна, иако не дишев сепак воздишките ми беа отжнати, пулсот кој не пулсираше можеше да излези од мојата вена, тогаш сенката почна да се доближува.

Претходната епизода прочитајте ја ТУКА:


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.