„За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 6

zadatepronajdam

Софија

Ова беше премногу…

Сенката почна да ми се доближува, а јас да правам чекори наназад. Незнаев дали да верувам во сликата која ја гледав, или пак да побегнам, да се изгубам во далечината како утринска роса во пролет. 

“Софија, јас сум, Лео, зошто се плашиш од мене?”

Во право е, сенката од која со денови бегам е Лео, ама чуден Лео, не оној со кој починав, не оној со кој го вдишв последниот здив, Лео ама не е Лео, незнам ни самата. Се препуштив во неговата длбока прегратка, вдишувајќи го неговиот мирис,  чуствувајќи ја топлинта од неговото тело, се беше совршено, ама нешто недостигаше.

“Ми недостигаше премногу.”

Неговиот груб глас, кој трепереше додека ми го кажа ова, беше се што сакав да слушнам, се што теебаше да слушнам, но не ми беше доволно, па го бакнав. Се бакнувавме страсно, како Ромео и Јулија, неговите усни беа најубавата перница за моите, тие беа лек за се, тие беа доказ за нашата вистинитост, за нашето постоење. Беа толку меки, но ладни, премрзнати, а сепак најубавата дрога која никогаш нема да сакам да ја оставам. Ме бакнуваше како да сум стаклена, со толку внимание, а жедно за повеќе, ме бакнуваше како времето да е кратко, а да ја имаме цела вечност. 

Претходната епизода прочитајте ја ТУКA.



ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.