За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 9

zadatepronajdam

Автор

Да ја појасниме ситуацијата: поминаа неколку месеци, односно веќе долг период душите на двајцата љубовници, Софија и Лео се заглавени во безвременската дупка на времето. Софија води љубов и го љуби телото на Лео, а Лео, односно неговиот дух е сведок на целото тоа проклетство и нема моќ ништо да направи. Кој се крие во телото на Лео и кое зло игра со нив?

Софија

Веќе три месеци сум заглавена некаде, на ивицата помеѓу животот и смртта, помеѓу вечноста и мигот… Со Лео сум, тој е до мене, неговото тело го гали моето, неговите раце ја галат мојата кожа, неговите усни танцуваат со моите, неговата пот се лее по моето тело, ова треба да ми е повеќе од доволно, ова треба да ми биде допир со совршенството, но не ми е. Проклетство. Нешто не е како што треба, како Лео да не е Лео, како јас да не сум со мојата љубов, како нешто да фали, како, како вистинскиот Лео да го голтнал тунелот на беживотност, како универзумот да ја ишмукал неговата душа, и само еден стуб да останал од мојата љубов, од мојата сродна душа и мојот најдобар пријател.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ - Сезона 2, Епизода 4

Претходната епизода прочитајте ја ТУКA.



ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top