Свет

За еден ден продадени 220 000 влезници за изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр

Утре ќе биде отворена една од најзначајните изложби на светот по повод 500 години од смртта на големиот ренесансен уметник и научник , Леонардо да Винчи.

uploads thumbs resize 800x420 394307

Музејот Лувр во Париз ја подготви изложбата со сите дела кои можеше да ги собере од целиот свет , вклучително и пет дела од Италија , меѓу кои и сликата ,,Човекот од Витрувиј” . Позсетителите на зиложбата ќе може да ја видат вистинската ,,Мона Лиза” , но ќе недостасува делото ,,Салватор Мунди” (Исус Спасителот) , за кое се верува дека е дел од приватната колекција на принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман . Тој најверојатно бил тајниот купувач , кој пред две години го купи ова дело на аукција за 450 милиони долари.

Мона Лиза, позната и како Џоконда, привлекува секој ден 30 000 посетители во Лувр . Затоа изложената слика нема да биде дел од поставката посветена на Да Винчи, но благодарение на виртуелната реалност, посетителите ќе имаат можност да поминат седум минути ,,лице в лице” со Мона Лиза.

Прочитајте и...  23 годишна девојка израснала повеќе од 200 сирачиња

Изложбата ќе биде отворена утре и ќе трае до 24. февруари,а во претпродажба од вчера се купени 220.000 билети.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top