Сите се плашиме дека кога ќе купиме нов апарат за домаќинство, нема да потрае долго или не го одржуваме правилно.

full shot happy woman showing approval 23 2148246503

Во случајот со машината за перење облека има еден главен проблем – тврдата вода која создава бигор и ја отежнува работата на машината. Па, ако не се чисти редовно, може да предизвика голема штета.

За среќа, постојат лесни трикови кои треба да ги практикувате барем еднаш во 3 месеци за машината да остане чиста, без непријатни мириси, бактерии и бигор.

Алкохолен оцет и сода бикарбона

Алкохолниот оцет ја дезинфицира внатрешноста на машината, додека сода бикарбоната ги решава непријатните мириси.

Ставете 1 шолја оцет и 1 шолја сода бикарбона во преградите за прашок и пуштете машината да изврти еден празен циклус на највисока температура.

Сок од лимон

Ако имате проблем со ‘рѓа, вклучете ја машината на највисока температура, на вриење. Додајте 2 чаши сок од свеж лимон. Кога машината ќе заврши повторно пуштете на иста температура, меѓутоа овојпат без лимон.

Прочитајте и...  Совети на Џенифер Лопез за фитнес и исхрана што вреди да ги усвоите!

На овој начин ја чистите внатрешноста од каква било нечистотија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за