Случувања

За оваа докторка зборува цела Црна Гора: Детето проголтало шаховска фигура, мајката го однела мртво на доктор, а потоа се случило чудо

Педијатарот Алма Дрешовиќ пред една недела му го спасила животот на детето кое проголтало шаховска фигура.

743 418 5da87109ea536

Минатиот четврток во околу 19 часот во болницата било донесено дете кое не давало знаци на живот, а со него била неговата мајка која пискала.

Дете на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура – пион. Бидејќи детето веќе не даваше знаци, немав идеја што треба да направам. Во тој момент само знев дека треба некако да ја извадам фигурата затоа што секунди беа во прашање. За среќа, успеав да ја вовлечам раката со тоа што шаховската фигура нема да го уништи хранопроводот и ја извлеков фигурата – изјавила Дрешевиќ.

Doktorica Drešević će biti predložena za DOKTORICU GODINE! 🙏🙏👏👏👏

Gepostet von Kolektiv.me am Donnerstag, 17. Oktober 2019

А потоа, како што додава таа, почнала борбата за живот.

Кога ја извлеков фигурата, морав да правам реанимација уста на уста и масажа на срцето. По две реанимации, го слушнав чукањето на срцето. Кога го направив третиот циклус на реанимација, прво срцето почна да чука, но морав да продолжам, затоа што детето не дишеше“ – раскажува Дрешевиќ.

По четири пати давање на вештачко дишење детето зело воздух и почнало да дише.

Во тој момент знаев дека детето е спасено. Срцето работеше, детето дишеше. Мислев дека треба да биде на респиратор. Но, за моја среќа не беше така. Добив информација дека детето уште од саботата е пуштено дома. Најголемото задоволство кое можев да го доживеам е тоа што детето преживеа“ – изјавила Драшевиќ.

Прочитајте и...  Приказна на една докторка од породилиште: „Знаете докторке, мојот сопруг работи, не пие, секој ден имаме леб на масата и готвиме по нешто, убаво си живееме..“
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top