in

За овој преубав пар на матура со денови зборува целиот регион

Ангела Богојевиќ (18) и Дамјан Томиќ (19) деновиве се главна тема за јавноста ширум регионот, откако на социјалните мрежи ги објавија нивните фотографии од матура. Сите беа воодушевени затоа што овие двајца млади покажаа дека меѓу нас нема никакви разлики и дека сите сме исти.

angela damjan

Имено, Дамјан кој што има мускулна дистрофија и е во инвалидска количка, облечен во преубаво одело на матурската вечер се појави со неговата другарка и и посвети неколку убави стихови, бааш онакви какви што беа убави и самите тие – принц и принцеза.

https://www.instagram.com/p/BxnQhXOFjEg/?utm_source=ig_embed

-Затоа што ти си принцеза од некој друг свет, напиша во насловот на фотографијата Дамјан.

-Прво не очекуваш ова да се случи во толкав број и дека сите вака ќе реагираат. Има многу деца со различен хендикеп и инвалидитет кој што со ова би се навредиле, затоа што со самото тоа се прави разлика, како да се тие нешто поинакви, ја започнува својата приказна Дамјан.

Прочитајте и...  1000 години, Бигорски манастир го одбележува патронот

Тој додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.

https://www.instagram.com/p/BxlDtaylvKc/?utm_source=ig_embed

-Не сум јас за жалење, се сметам за ист како што е Ангела или било кој друг, но и таа мене за таков ме смета. Инаку, животот е борба, сите ние имаме непријатности и лоши искуства поради нешто, но сметам дека тоа се се надминува преку љубовта. Она која ја добивате од блиските, но и она кја ја давате на другите, истакна за „Телеграф.рс“ Дамјан.

Неговата другарка Ангела која 2020 година треба да матурира одлучи да му биде партнерка, одма откако и сопшти дека девојката со која требало да оди на матура, од оправдани причини го откажала доаѓањето.

-Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведе, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.

Прочитајте и...  Eмили Ратајковски во класично издание без градник го полуде посилниот пол
https://www.instagram.com/p/BxnRam0lyoB/?utm_source=ig_embed

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote