Случувања

За прв пат во историјата: Момче со аутизам победи на „Америка има талент“

Веројатно веќе ја знаете приказната за слепото аутистично момче што ги освои сите симпатии на популарното шоу „Америка има талент“ ( прочитај ТУКА ), но она што не го знаете е тоа дека токму ова момче по име Коди Ли победи на натпреварот.

AMERICA’S GOT TALENT — “Live Finals” Episode 1422 — Pictured: (l-r) Terry Crews, Kodi Lee — (Photo by: Trae Patton/NBC)

Имено, вчеравечер беше означен крајот на 14 – тата сезона од популарното американско шоу на кое за прв пат во историјата победи момче со аутизам.

Всушност, тој е првиот човек со попреченост што успеал да победи во шоуто, а сето тоа благодарение на неговиот огромен и неприкосновен талент.

291857 0.basic kodili

Во финалето тој настапи со популарната британска пејачка Леона Луис со која имаа настап за паметење, а подеднакво добри беа сите негови останати настапи на кои пееше и свиреше на пијано.

Очекувано, тој доби громогласен аплауз од публиката што го обoжаваше и му даде неверојатна поддршка во текот на целата сезона.

Покрај тоа што има неверојатен глас, Коди одлично свири и на шест инструменти меѓу кои и на пијано, а тоа го докажа и за време на настапите.

Прочитајте и...  4-годишно момче шие играчки, за да собере пари за својата операција

Неговата приказна е исклучително емотивна. Само неколку месеци откако се родил, му било констатирано слепило, а на четири години аутизам.

„Тој е роден шоумен. Коди е многу среќно момче. Има многу да му понуди на светот. Иако низ животот беше тешко, музиката му помогна да надмине сè. Кога имаш аутизам, многу е тешко да го правиш сето она што го прават другите. Музиката всушност му го спаси животот“, раскажува неговата мајка Тина.

Оваа година во финалето на шоуто успеа да влезе и уште едно лице со попреченост, комичарот Рајан Нимлер кој заврши на третото место благодарение на неговата неверојатна смисла за хумор и одличните шеги.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top