Занимливости

За што служат точките на шофершајбната од автомобилот?

Сигурно сте ја забележале интересната линија со точки кои се поставени на ивицата од шофершајбната на автомобилот, а сега знаеме и за што служат.

cemu sluze crne tackice na prozorima automobila aps 786683958

Овие црни точи се нарекуваат фрит и имаат две цели.

Тие претставуваат гравирана површина за која се фаќа средство за лепење кое го спојува стаклото со рамката.

Од надворешната страна овие точки го штитат лепакот од ултравиолетово зрачење и го покриваат лепакот за визуелно шофершајбната да изгледа поубаво.

Поедини произведувачи ја прошируваат оваа лента со точки помеѓу заштитата за сонце која се наоѓа кај возачот и совозачот, за да создадат дополнителна заштита од сончеви зраци за време на возењето. Во овој контекст посочуваме дека е од особено значење е и да се внимава со температурата на ладење во автомобилот при употрреба на климата да не е прениска во однос на температурата надвор, бидејќи можете да добиете воспаление на грлото и синусите.

Прочитајте и...  Болести што се лекуваат со патувања

Препораката е разликата да не биде поголема од 5 до 6 степени. Покрај тоа, не е добро да го изложувате телото на големи температурни разлики, посебно тоа не смеат луѓе со послабо срце.

Автомобилите треба да се разладуваат постепено, најдобро е да се отворат прозорците во текот на првите неколку минути од возењето, па тогаш полека да се намалува температурата на клима уредите.

Исто така, ако возите низ градот, размислете дали ви се исплати да ја вклучите климата – додека таа го разлади автомобилот, веќе сте пристигнале. Подобра и поекономична опција е да внимавате автомобилот да ви биде паркиран под сенка, да ставите заштита од сонце на шофершајбната и да ги отворите прозорците во текот на возењето.

Уште една работа на која е важно да внимавате, а многумина не ја сфаќаат сериозно – е редовно чистење на климата. Препораката е на секои две години, иако некои велат дека тоа би било добро да се направи пред секое лето. Имено, во климата може да се размножат разни бактерии, а ако не е исчистена, тие може да завршат во вашето тело, да предизвикаат алергија, иритација на очи, суво кашлање, но и посериозни здравствени проблеми.

Прочитајте и...  Нов луд тренд - Тетовирани пазуви

Експертите велат дека е добро да се користи рециркулација на воздухот во возилото што е можно почесто. На тој начин клима уредот го лади воздухот кој е веќе разладен, а не топлиот кој влегува во возилото. На тој начин клима уредот помалку се троши, и подолго трае.

Но, кај рециркулацијата на воздухот треба да се биде многу внимателен и на ум треба да се има тоа дека патниците го трошат кислородот и затоа е важно периодично да се пушта воздух во автомобилот, бидејќи во спротивно недостигот на кислород може да предизвика сериозни последици, возачот да падне во несвест и да изгуби контрола над возилото.

Најпопуларно


To Top