Животински свет

„За што служи ова копче?“: Фотографии од љубопитни морски лавови кои го освоија светот

Откако детално ја истражија цела опрема, љубопитните морски лавови „позираа“ и за селфи. Разубавете си го денот со овие одлични фотографии!

Фотографиите се направени во Норис Рок, на островот Ванкувер во Канада, а ги направил 37-годишниот фотограф Стив Вудс.

За фотографирање користел GoPro и Canon EOS-1D x Mark II камери.

„За време на фотографирањето највозбудливо беше што се најдов токму во таква ситуација, со сите тие животни кои гледаа во мене. Одлично е што направив добри фотографии, но ништо не може да се спореди со ситуацијата во која се најдов, тоа е најдобриот дел од оваа работа“, рече Стив.

Прочитајте и...  За сите љубители на мачки – уметник креира минималистички цртежи од малите миленичиња

Најпопуларно

To Top