Текстови и колумни

За жената што некогаш ја сакав

Понекогаш те гледам во заборав.
Те барам во темнината како отсуство на љубов да ми навира од секоја клетка.
Ако тоа е воопшто можно.
Онаму каде што љубов зрачело, полека да излегува едно големо НИШТО.

Понекогаш те препознавам во нечие лице, кое е бледа копија на тебе.
Набрзо разбирам дека нема ниедна светлина од твоето битие.
Нема движење ни еластичност.
Нема толку црна боја на прамени кои ја означуваат дупката во која се губи човек откако тебе ќе те нема.

Понекогаш мислам го слушам твојот глас како милион поројни дождови да ми капат на душава.
И ме доведуваат со целата своја тежина во некоја бездна, без да бидам свесен за нивната леснотија која може да ме вивне до небо.
Доколку би сакал .

И да сеуште немам напишано сонета за тебе .
Ниту некогаш планирав.
Никогаш нема да разберам колку може една жена да значи во еден обичен машки свет.
Зошто кога би си го признал тоа..
Јас би бил оној кој изгубил .
А тоа не е можно.
Ти си таа која исчезна.
И изгуби.
Изгуби празни зборови.
И безизлезни дела.
Среќна и Вечна биди.

Прочитајте и...  Во потрага по изгубеното

Јелена Ѓиноска

Најпопуларно


To Top