Случувања

Забележана молња која траела рекорден број на секунди!

Молњите претежно траат неколку секунди. Некогаш е доволно да трепнете и ја нема. Поради тоа, импресивен е фактот што молња во Аргентина траела 16,73 секунди.

Во новиот извештај на светската метеоролошка организација, меѓу останатото, се набројува и фактот дека на 4 март 2019 година е забележана најдолгата молња од кога се води евиденција.

Претходниот рекордер е молња забележана над Франција од 30 август 2012 година која траела „само“ 7,74 секунди.

СМО ги потврдила извештаите со користење на нови сателитски технологии, кои откриваат импресивни факти за молњите.

Во текот на своите скоро 17 секунди, молњата се протегала на 650 километри, што за чудо не е рекорд, бидејќи скоро година порано молња која се формирала исто над Аргентина го погодила тлото во бразил, 710 километри подалеку.

„Овие неверојатни податоци претставуваат временски екстреми и покажуваат што сѐ природата може да направи“ вели Гизмодо Рендал Кервени од Светската метеоролошка организација.

Прочитајте и...  Научно откритие: Зошто мачките јадат трева?

Извор: РТС

Најпопуларно


To Top