Македонија

Забележав постара жена по име Вида и ја качив во возилото а потоа ми раскажа за ќерката Кристина

Статус на Никола Стојменов:

Пред околу 1 час во Кочани одејќи накај дома, над градскиот стадион забележав една постара жена со торба во рацете која едвај ја држеше и мавташе со раката некој да застане (веројатно и требаше превоз).

Стоев 10 минути во спротивна насока од жената и се чудев како никој не застанува да праша што е работата и дали и треба помош. Бидејќи врнеше и никој не застана, го свртев возилото и отидов кон жената. Спаднав и ја прашав дали и треба помош, а истата ми одговори дека се обидува да најде превоз, но никој не застанува.

Не прашав каде оди туку ја земав торбата и ја качив во моето возило. По пат почнавме муабет и истата ми кажа дека е од Пробиштип и дека се вика Вида, а истата дошла во Кочани да побара помош бидејќи имала ќерка Кристина (околу 30тина години) која боледува од рак и на истата и е потребна терапија за која тие немаат доволно средства. Ја однесов жената до Крупиште каде ми кажа да запрам и истата ме испрати со солзи во очите не верувајќи дека се вратив за да помогнам.

Прочитајте и...  Полициски час во пет струшки села, не се почитуваат мерките за корона вирусот

Ја прашав дали има жиро сметка на која може да се донира и истата ми го даде овој лист подолу. Сите кои се во можност ве замолувам да донирате и да помогнеме на младата Кристина да ја победи оваа болест! 

НЛБ Банка
СМЕТКА 210-7000006528-49

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top