in

„Заборавената“ – поема

Се трудеше еден човек кај една жена,
но таа го гледаше како сена.
Не го забележуваше.
Го омаловажуваше.
Пред други го навредуваше
И постојано психички го средуваше.
Но тој пак се трудеше,
заради неа во сонот се будеше.
Ја сакаше.
И пишуваше писма долги,
а таа не ги отвораше
И пак го оговараше.

Испадна тешка чанта,
сите писма му ги фрли во канта.
Секаде го руга,
и беше подолу од слуга.
И пак беше упорен,
малку повеќе напорен.
Се заради таа опсесија слепа.

Но таа не ја сфати поентата на пишаниот збор,
тој е моќен, зимзелен како бор.
И кога е ладно, тмурно и облачно,
и кога е сонце, запара и мрачно,
тој пак е константен и ист.
Зборот излезен од срце е чист.
Зборот може да ја победи и парата,
како сонцето што може да ја исуши барата.

Еден ден запре, се повлече,
а неа почна да ја влече.
Почнаа да и недостасуваат
неговите песни и рими,
да ги чита
во долгите ладни зими.

Прочитајте и...  „Те крадам“

Ама гордоста не и дозволи таа да му пише,
познато клише.
Си најде друга што сакаше од срце пишан збор,
сите заедно си го средуваат нивниот двор.
Сега сѐ претходно е историја
и избришана меморија.

Сега и пишува песни на таа личност,
таа, што имаше со него сличност.
Тогаш заборави на сѐ претходно
и ја засака како местото родно.
Тоа му беше неопходно.
А пак таа што не го почитуваше,
и на неговите песни не се радуваше,
таа беше заборавена,
И тоа што најмногу ја болеше, оставена.
Сега немаше кој да и пишува песни,
немаше некој уметник.
Слушна дека била во врска со некој бедник,
ама тоа не го засегна,
на брашното си легна.
Сега тој се радува на секоја
напишана песна за неа.
Нова страница си свртеа,
животот со смеа го врвеа.

Раде Стојаноски

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote