Случувања

Загина триесетгодишната пејачка Кајли Харис

Американската кантри пејачка Кајли Ре Харис загинала во сообраќајна несреќа која се случила утрово кога три возила се судриле во Ново Мексико. Пејачката патувала кон градот Таос на закажан концерт.

Како што пишуваат американските медиуми, зад пејачката останала шестгодишна ќерка. Нејзиното семејство ја потврдило трагедијата и ги замолиле новинарите за приватност.

Непосредно пред несреќата таа на Инстаграм објавила сториња на кои плаче од среќа и замор. Ги утешила следбениците за својата состојба со оправдување дека е пресреќна што по 12 часа конечно пристигнала во Таос, град за кој ја врзуваат сеќавања на татко ѝ и сестрите.

Прочитајте и...  Секоја година селаните од ова место наоѓале по 2000 евра на улица: Мистеријата разрешена, еве кој им оставал пари
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top