Животински свет

Загрозени, бели и преубави: Животни со албинизам

Албинизмот е наследно генетско нарушување кое се карактеризира со делумно или потполно отсуство на пигментација што резултира со бледа кожа и бела коса, а се јавува и кај луѓето и кај животните.

Албинизмот се јавува кај сите видови животни кои произведуваат меланин. Забележан е кај цицачи, птици, влекачи, водоземци, риби, инсекти и мекотели.

Иако на прв поглед така изгледа, не се сите албино животни целосно бели. На тоа колку ќе бидат бели влијае количината на меланин што ја произведуваат.

Начинот на кој можете да препознаете дали едно животно има само бела боја или има албинизам е да ги погледнете во очи. Затоа што меланинот влијае и на развојот на очите и на видот животни, оние без кафеаво-црн или црвено-жолт пигмент ќе бидат розеви или светло сини.

Белата боја на животните со албинизам им го отежнува криењето од птиците грабливки, бидејќи не можат да се камуфлираат и лесно можат да бидат забележани од нив. Среќната околност е што грабливките не ги препознаваат секогаш како храна.

Прочитајте и...  6 правила за основна етика кои повеќето од нас секојдневно ги прекршуваат

Најпопуларно


To Top