„Ако имаш – донеси, ако немаш – земи“ е акцијата која топли срца и душа во соседна Србија.

Речиси во сите градови населението помага на своите сограѓани на кои им е потребна помош во студените денови.

На закачалки поставени на огради, ѕидови, дрвја – граѓаните закачуваат храна и облека, а оние кои немаат – доаѓаат и земаат што им е потребно.

И сето ова без никаква галама и кревање прашина. Тивко, а хумано.
Проектот „Закачалки на добрината“ е активен речиси во цела Србија.

Ова е акција за пример која треба да се преземе и активира и кај нас.
Извор: crnobelo.com
