Македонија

Замина тивко во ноќта без глас: Вечно ќе те паметиме по македонските народни приказни и филмови

Денеска се навршуваат седум години од смртта на македонскиот актер Владимир Ангеловски- Дади.

image

Актерот почина на 15 ноември 2012 година по кратко боледување на 66 годишна возраст, а зад себе остави стотици и стотици изиграни претстави, незаборавни ликови, како и познати у

логи во македонските народни приказни.

Јавноста ги памети и огромениот е бројот на улогите во кои се појавува Дади, од детските серии и драми, па сѐ до сериозни улоги во повеќе значајни македонски филмови, серии и драми.

Незаборавни се и ликовите Диди и Дади што ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во ТВ-серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така, Дади се појавува и во оперите на МНТ „Шеќерна приказна“ и „Деспина и мистер Докс“. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо“ во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”, со кои заработува и некои од своите многубројни награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, „Битолски лакрдии” и многу други.

Прочитајте и...  АПЕЛ ОД ДЕЦА ОД ШТИП: Ни требаат 60.000 фунти за спас на мама (ВИДЕО)
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top