Македонија

„Запознај ја Преспа” – Промоција на традицијата, храната и културата во Преспа

Македонските бендови Нокаут и Бла, бла, бла…, локалните Инстинкт, Реприза и Екстраваганца, како и грчкиот Anima Nation вечер во Отешево ќе ги забавуваат преспани и гостите на манифестацијата „Запознај ја Преспа”.

uploads thumbs resize 800x420 379463

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи панел дискусијата на тема „Европски придобивки за регионот Преспа – искуства и можности”.

Домашните и странските туристи, но и локалните жители утре ќе имаат можност да ги откријат убавините на Преспанскиот регион, кутурата, храната, традицијата…. Покрај можноста за дегустација на традиционална преспанска храна на плажата во Дупени, презентација на локални органски производи, производи од јаболко, ќе се реализира и традиционалната велосипедска тура „Tour de Galichica”, а волонтерите од невладината Еко-герила со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ќе го чистат Преспанското крајбрежје во околината на Отешево. На плажата во Дупени, ќе се одржи и турнир во одбојка, настап ќе има културно уметничкото друштво „Таше Милошевски”, а најавенин се и многу игри и забава за најмладите.

7 Copy 80

Присутните викендов ќе имаат можност да ги запознаат убавините и традицијата на Преспа, езерото, плажите, преспанското јаболко и прекрасната Галичица.

Прочитајте и...  МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ЕЧЕШЕ СРЕДЕ МОСКВА: Македоски балерини освоија злато во Русија

Настанот е во организација на Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike, во партнерство со ЕУ за ТЕБЕ, Агенција за млади и спорт, Spirit of Prespa, Преспа град и Еко Герила. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top