Животински свет

Запознајте го Дебелиот Алберт, најдебелата жива поларна мечка

Велат камерата додава плус 10 килограми. Ако е така, тогаш оваа мечка ја сликнале повеќе камери.

Просечната тежина на поларна мечка е околу 450 кг, но мечката која мештаните ја нарекуваат Дебелиот Алберт, тежи околу 680 кг.

Но, како Алберт толку се здебелил?

Жителите на Катковик, Алјаска каде што живее Алберт, од морето вадат многу риби кои им ги даваат на поларните мечки да ги јадат. Изгледа Алберт јадел малку повеќе отколку што треба.

Фотографот Едвард Бидру кој го фотографирал Дебелиот Алберт вели дека жителите вадат риби од водата и ги носат на околу 4 км надвор од градот за поларните мечки да можат да го најдат месото.

Ова го прават од две причини. Првата е практична: тоа ги спречува поларните мечки да одат во градот и да ги уништуваат нивните ниви и да влегуваат во нивните дворови. А втората причина е од почит кон мечките од страна на жителите кои ги хранат веќе илјадници години.

Иако Дебелиот Алберт се здебелил и веројатно е најдебелата жива поларна мечка, тој и понатаму е доста далеку од светскиот рекорд кој го држи една мечка од 1960 год. која имала дури 1.001 кг.

Прочитајте и...  Потрошил $35.000 за неговата куќа да ја претвори во игралиште за 18 мачки

Најпопуларно

To Top