Ни 101 далматинец не можат да се споредат со ова мало преслатко далматинче, кое има срце на носето, буквално!

Преслаткото кученце исто така е славно на Инстаграм (@hi.wiley), со над 165 000 следачи.

Неговата сопственичка, 26 годишната Лекси Смит позната како yosoylexi на Инстаграм, живее во Колорадо и заедно со Вајли ги истражуваат прекрасните планини и околината.

Вајли било едно од единаесет кучиња – од кои осум биле машки. Покрај тоа што срценцето на носот се истакнува, тоа не е причината зошто Лекси го одбрала.

„Имав тежок избор“ – вели таа. “Срценцето беше тука, но не беше доволно формирано, па не верував дека ќе остане. Дамките на далматинците се менуваат додека растат.“

„Го одбрав бидејќи ми кажаа дека само сака да спие, да се гушка и да јаде, што значи од почеток имавме многу заеднички работи“.

Прочитајте и...  Фотографии од медицината во минатото поради кои ќе бидете среќни што живеете во 2019 година
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за