in

Запознајте го вистинскиот Шрек – Морис Тиле

Како дете го добил прекарот „Ангел“ (сликата во средината). Морис е роден во Русија каде што живеел 14 години, а потоа се преселил во Франција, од каде потекнуваат неговите родители. Но, на 19 години се разболел од акромегалија и гигантизам, па се деформирал во рок од една година. За да не го сожалуваат ја напуштил Франција и заминал во САД па таму случајно станал борец, а потоа и светски шампион во тешка категорија. Тогаш го нарекле „Француски ангел“.

Морис Тиле бил многу талентиран човек од благородничко семесјтво. Бил поет, глумец, одличен шахист и зборувал дури 14 јазици. Иако од студиото на DreamWorks никогаш не потврдија, очигледно е дека токму тој е иснпирацијата за ликот на Шрек. Бил оженет за убавата Олга.

Морис почина во педесет и првата година од неговиот живот од срцев удар во ист ден со неговиот најдобар пријател Карл Пожел (најверојатно кога ја слушнал веста), па заедно ги погребале.

Прочитајте и...  20 фотографии кои ќе ви го разубават секој лош ден
gravestone of Karl Pojello and Maurice Tillet

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote