Видео

Запознајте ја кравата која избега од нејзиното стадо за да се приклучи на стадото бизони

Младата кравичка го напуштила своето стадо во шумата Bialowieza во Полска за да го живее својот живот од соништата. Подоцна ја пронашле во друштво на бизони, изненадувајќи ги сите кои сведочеле на стадото кое не се се совпаѓа.

Орнитологот Adam Zbyryt ја фотографирал и објавил, по што го привлекол вниманието на сите.

Професионалнците од полето на ветеринарство очекувале таа да се врати на своето стадо, но никогаш тоа не се случило.

Таа повторно била видена со истото стадо како преживува и во зима од експертот Rafal Kowalczyk, кој ја опишал ситуацијата како исклучителна.

Расата на кравата има дебело крзно кое и овозможува да преживее и во тешки зимски услови покрај бизоните.

Иако е ризично да живее со стадо на бизони бидејќи ризикува да биде мета на ловците, а и бизоните веќе се дел од загрозените животни, читателите уживаат во приказната на младата кравичка.

Прочитајте и...  Хендикепирана минијатурна кравичка може да оди за првпат со помош на количка

Како што еден коментар гласи: “Следниот пат кога ќе мислам дека не можам да си ги остварам целите, ќе се сетам на кравата која постана бизон.”

Најпопуларно


To Top