Македонија

Заразените сопружници од Италија пристигнале пред 10 дена-патници се симнувале во 3 града во земјава! (ВИДЕО)

Двајца сопружници од Дебар на 62 и 68 годишна возраст се новите двајца заразени од корона вирусот во Македонија.

-Во нашата земја пристигнале од Италија на 27 февруари, по влезот во Македонија патници од автобусот се симнувале во Куманово, Кичево, Скопје и Дебар, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека патниците тогаш немале никакви симтоми на грипот и за прв пат се јавиле на лекар во Дебар на 2 март месецов каде матичниот лекар не препознал индикации да се направи тестот за корона вирусот и ги пратил на домашно лекување.

Инаку во автобусот се превезувале околу 40-тина патници.

Прочитајте и...  ВО КAРAНTИН ИСПРАТЕНИ 14 ПOЛИЦAJЦИ: Зaбoлeн од кoрoнa им плyкaл во лицe

Најпопуларно

To Top