Затвореникот Фидан Исени успаеал да им избега на двајцата чувари, кој од Клиничкиот центар требале да го вратат назад во затворот „Идризово”. Информацијата за МКД.мк ја потврди директорот на затоворот, Боби Мојсовски. Двајцата затворски чувари ја смениле рутата на движење и со затворското комбе свртеле до сендвичарница блузи средно училиште „Коце Металец“. Затвореникот Исеини го искористил нивното невнимание и им побегнал од затворското комбе.

fotojet 1

„Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово” застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Мојсовски.

Првиот човек на најголемиот затвор вели дека затворските чувари се суспендирани и ќе се превземат мерки за одговорност. Тие даваат изјави и пред службени лица од МВР каде е пријавен настанот.

Затвореникот бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно за предизвикување на општа опсност, насилство, криумчарење на мигранти.. Бил повратник, имал добро поведение, а во затворот во Идризово бил една година и шест месеци.

Прочитајте и...  Тешко повредена девојка, вчера била прегазена од „мерцедес“

Дополнително ќе се утврдува како успеал да излезе од затворското комбе кое треба да е заклучено.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за