in

Застрашувачки фотографии од прегладнети лавови во Судански Парк предизвикаа кампања за да се спасат животните (ВИДЕО)

Интернет свеста рапидно расте со цел да се помогне да се спасат животите на пет прегладнети и болни лавови кои се чуваат во парк во главниот град на Судан. Загрижувачки е што животните се чуваат во кафези во паркот Картум Ал-Куреши, област на резолуцијата на главниот град.

Пријавено е дека лавовите страдаат поради недостаток на храна и лекови со недели.

„Се исплашив кога ги видов лавовите во зоолошката градина. Нивните коски се познаваат преку нивната кожа.“- изјавил Осман Салих на Твитер, започнувајќи онлајн кампања со хаштагот #Sudananimalrescue.

Тоа што Осман го изјавил, го поддржале многу луѓе и институции. Претставници на паркот пак реагираат изјавувајќи дека состојбата на лавовите се влошува изминатите неколку недели, некои од нив дури изгубиле две третини од нивната телесна тежина. Немало достапна храна за да ги нахранат лавовите. „Ние купуваме храна со наши пари за да може да ги нахраниме“-изјавил Есамелдин Хајџар, менаџер во паркот Ал Куреши.

Прочитајте и...  Парите не можат да купат здравје: Тејлор Свифт ѝ напиша емотивна песна на својата мајка која по вторпат се бори со рак

Финансиран делумно од приватни донатори, паркот е менаџиран од локалната управа на Картум. Од друга страна, Судан моментално се соочува со економска катастрофа, како резултат на зголемувањето на цените на храната и недостигот на девизи. Новинари, посетители и дел од жителите го посетија паркот во текот на викендот и ја видоа страшната слика за нив. Еден од лавовите бил врзан со синџири и му била давана вода преку црево.

Исто така, голема порција на скапано месо преполно со црви и муви било забележано околу кафезите.

„Без сомнение, состојбата на паркот во целина има влијание врз здравјето на животните. Сточарството во Судан исто така страда од сериозни болести. Ние, луѓето сме гладни и болни.“- изјави еден од жителите , Моатаз Махмуд.Сепак, не е јасно колку лавови моментално се наоѓаат во Судан, но неколку од нив се лоцираци во паркот Диндер на границите со Етиопија.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote