Занимливости

Застрашувачки модел прикажува како би изгледале денешните гејмери за само 20 години

Канадскиот сајт “OnlineCasino” спровел истражување врз основа на кое настанале цртежи кои прикажуваат како би можеле да изгледаат денешните гејмери по две децении, доколку не ги променат своите навики.

Тимот креирал модел наречен Мајкл кој не изгледа баш најдобро. За да го креираат Мајкл, тимот проучувал медицински извештаи за физичките ефекти од подолгото седење дома на столица гледајќи во екран.

Истражувачите објаснуваат:

„Оваа визуелизација покажува дека Мајкл има исклучително бледа кожа со боја на тесто, што е последица на годините поминати под вештачко светло и недостаток на витамин Д и Б12. На рацете и нозете има егзема, предизвикана од стрес, додека грбот му е искривен од години и години неправилно седење пред екран.“

Главни здравствени карактеристики на Мајкл се и постојано крвавите очи од долготрајното гледање во екран, неправилен раст на ноктите па дури и артритис. Годините поминати зад тастатура и со гејмпад во рака довеле до деформација на дланките и зглобовите.

Прочитајте и...  13 најчести грешки на родителите при воспитување на своите деца

Највоочливиот деформитет е грпката на грбот, додека неговите рамена се заоблени и спуштени, пишува “Mirror”.

Во заклучокот, креаторите на Мајкл наведуваат подетални причини за појава на секој од деформитетите.

“Ваквата состојба на телото се развива релативно бавно со текот на времето. Ја одликуваат издолжен врат, заоблени рамена и грпка на грбот, кои полека се создаваат, што понекогаш може да биде проследено со тапа болка. Ваквата состојба започнува од вратот и се шири преку грбот во рацете. Вратот полека се искривува што подоцна доведува до создавање на грпка”.

Експертите советуваат гејмерите да прават подолги паузи во текот на играњето и повеќе да се занимаваат со физичка активност.

Извор: Mirror

Најпопуларно

To Top