in ,

Заведе илјадници мажи во светот, а сега се сврши со својата девојка (ФОТО)

„Љубовта е поголема од сè и не можете да одберете во кого ќе се вљубите“, рекла тогаш британска поп-sвезда и секс-симбол на осумдесеттите години, во времето кога се за вљубила во својата долгогодишна девојка Мира Стретон. Поминале 12 години заедно, а пред четири години, Мира ја изгубила битката со ракот и починала.

Сепак, денес, Саманта ја пронашла среќата во прегратката на осум години помладата Норвежанка Линда Олсен, со која сега и се свршила.

– Самната и Линда се многу среќни и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Вљубени се, се сакаат и сакаат тоа да биде и официјално – изјавил извор за „Сан“.

Поради пандемијата на коронавирус, Саманта и Линда одлучиле да ја откажат свадбата до понатаму, но веќе се шпекулира за можниот датум.

Поп-пејачката Саманта Фокс (53) своевремено ги мамеше воздишките на мажите ширум светот. Но, во текот на престојот во реалното шоу „Големиот брат“ признала дека ја привлекуваат жени и со тоа ги скршила срцата на многу мажи.

Саманта во осумдесеттите години беше една од најпосакуваните познати дами во светот, а на возраст од 16 години, кога ја почна кариерата, беше јасно дека ќе стане ѕвезда. Таа прво беше моделка, а потоа во 1986 година влезе во светот на поп-музиката. Читателите на еден британски таблоид во 2006 година ја прогласија за „најдобра девојка од дуплерка на сите времиња”. Саманта Фокс за „Плејбој“ се фотографираше во 1996 година и не крие дека со задоволство повторно би го направила тоа денес. Таа сака да им докаже на жените дека нема ништо лошо во стареењето.

Прочитајте и...  Човечкиот ,,Кен” се оперира за да стане ,,Барби” (ФОТО)
https://www.instagram.com/p/B8jxoqpJiqu/?utm_source=ig_embed

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote