Занимливости

Здрави утрински ритуали за почеток на денот

Многумина од нас имаат проблеми со навиките, бидејќи немаме систем на утрински  ритуали  до кои се придржуваме. Нашиот ден е полн со голем број работни задачи и лични обврски, а и многумина од нас немаат утрински ритуали, па така многу е лесно да заборавиме на здравите навики.

Lemon Water1

За среќа, постои едноставно решение за овој проблем.

Ако се придржуваме до кратките ритуали кои вкупно ќе ни одземат помалку од 15 минути, нашите утра ќе не подготват за напорниот ден кој следи. Трикот е во препознавањето  кои ритуали  треба да бидат дел од нашето секојдневие. Ќе ви претставиме 5 едноставни и здрави ритуали, секој од нив е пократок од пет минути.

1. Мерете ја својата тежина – потребно време: 1 мин.

Сите знаеме дека ова не е нешто што сакаме да го слушнеме и да го правиме секое утро. Но, со редовно мерење на својата тежина можеме да воспоставиме јасни и здрави фитнес цели. Исто така, важно е да знаеме дека нашата тежина се менува на дневна основа, па не треба да се грижиме доколку вагата секое утро ни покажува различен резултат. Најдобро е да се мериме во исто време, наутро пред јадење или пак пред пиење на било што со цел да имаме најточни резултати. На овој начин, ќе знаеме дали се храниме правилно и како да се грижиме за нашето здравје.

Прочитајте и...  Бадеми – висококалорична храна која е добра за вашето здравје!

2. Пиење чаша топла вода со лимон – потребно време: 2 мин.

Започнете го денот со пиење една чаша топла вода со лимон. Водата не треба да биде ладна, ниту зовриена, туку млака. Најдобро е да исцедите еден цел лимон во центрифугален џусер кој е најбрз и најлесно може да направи здрав и вкусен џус за почеток на денот. Топлата вода со лимон ќе ни помогне да се разбудиме побрзо, да внесеме голема доза на витамини и да го редуцираме чувствотот на глад.

3. Внесување дневна доза витамини – потребно време: 3 мин. 

Внесувањето дневна доза витамини е задолжителна за секого затоа што ќе се чувствуваме подобро во текот на целиот ден. За да обезбедиме најмногу сок од овошјето и зеленчукот и целосно да ги употребиме нивните хранливи состојки, треба да ги исцедиме  со masticating соковник.

Еве и еден едноставен рецепт за освежување на нашиот организам: 1 јаболко (големо или средно, било каков вид), 1 лимон, 4 целер стебленца, 2 средно големи моркови, 6-10 стебленца магдонос и 6-8 ливчиња свежо нане. За овој рецепт користиме вообичаен микс на повеќе зелени растенија и овошја се одлична комбинација. Додаваме и лимон за експлозија на витамин Ц во утринскиот сок. Овој здрав пијалак треба да ни обезбеди 2 до 3 часа ситост.

Прочитајте и...  5 факти за кралицата Елизабета II

4. Кратко медитирање – потребно време: 5 мин.

Медитацијата е одржување фокус на една работа и блокирање на било какви други нешта кои што ни го одвлекуваат вниманието. Медитацијата докажано допринесува во намалувањето на стресто, зголемување на креативноста и подобро фокусирање во текот на напорното секојдневие.

5. Консумирање нане – потребно време: 2 мин.

Нането може да направи многу повеќе позитивни работи за нашиот организам од само освежување на здивот бидејќи е природен лек за многу болести. Утрото треба да го започнеме со миење на забите со паста од нане, или пак да ставиме есенцијално масло од нане под нашите ноздри. Исто така, можеме да џвакаме неколку листови свежо нане. Друга причина поради која го препорачуваме нането е  подобрувањето на менталната будност и поради тоа што е природен стимуланс на нашата меморија.




Најпопуларно


To Top