Текстови и колумни

Здраво на вистината (поема)

Барајќи ги вистинските зборови.

Како пила поминувајќи на оковите.

Ми треба сонце, позитивни вибрации и многу смеа.

Додека прска шампањ насекаде да ги држам рацете кои ме љубат.

Секоја капка нов копнеж.

Секое печење нов бакнеж.

Барајќи вистински зборови како метла која чисти стара прашина насобрана во омилената соба.

Ми треба дружба , љубов и страст.

Рушејќи ги сите шаблони на твојот црно бел свет во кој предолго се загушуваш.

Внесувајќи ведрина и боја.

Рушејќи бариери на твои навики.

Тука и таму оставајќи зајадливи пораки.

Барајќи ги вистинските зборови.

Пуштајќи го минатото да плови со последни сили држејќи ја иднината.

Креирајќи слика која ќе истрае.

Бои какви досега не видел човек.

Љубов каква што прикажуваат на екраните.

Духот ми игра тука пред тебе.

Со очите исцртувам надеж.

Барајќи ги вистинските зборови.

Немо збогувајќи се со тебе…

Велејќи здраво на вистината.

Јелена Ѓиноска

Прочитајте и...  Ќе се сретнеме повторно таму горе, татко мој...

Најпопуларно

To Top