За сите оние кои се љубители на светлата коса еве во кои држави може да сретнете најмногу русокоси.

Во централните скандинавски земји живеат најмногу русокоси, па така 8 од 10 жени кои ќе ги сретнете имаат руса коса.
Норвешка, Шведска и Финска се земји каде дури 80% од жените се природни русокоси.
Со нешто помал процент следуваат балтичките земји, како и источниот дел на Велика Британија.
Од друга страна, Медитеранското подрачје има многу малку природни русокоси, па нивниот број е 1 од 10.
Интересно е дека на оваа мапа Македонија е поделена- додека во источниот дел на Македонија може да сретнете околу 20% природни русокоси, во западниот дел тие се многу малку.