Забава

Жена (50) призна: Престара сум за овие 8 работи!

Повеќе од половина од својот живот го поминав запазувајќи мислења од погрешни луѓе. Сега кога наполнив 50 години ги разбрав правилните вредности на животот. Сфатив дека сум престара за овие 8 работи кои ме уназадуваа цел живот:

  • Престара сум да молчам

Не сакам повеќе да молчам кога некој ќе ми каже нешто што не ми одговара. Не сакам да климам со главата или да се согласам со секој самоуверен човек. Не сакам да молчам на неправда. Кога ќе видам дека нешто не е во ред сакам на цел глас да викам зошто животот е прекраток за да молчиме на неправди.

  • Престара сум да се грижам како изгледам во очите на други луѓе

Со години им завидувам на мажите бидејќи тие немора да се фарбаат на секој 20 дена за да ги сокријат белите влакна. Мажите не мораат наутро да ставаат килограм пудра на своето лице и да се грижат што им се познаваат брчки од грижи и смеа.

Прочитајте и...  Ова село еднаш годишно испливува на површината: Еве зошто мештаните и натаму се враќаат, иако го нема

Сега сум доволно стара за да знам дека сум прекрасна таква каква што ме створил Бог. Имам брчки и незнам колку  се на број, бело ми е секое второ влакно, но конечно сум задоволна со тоа што сум.

Прашањето „што ќе речат комшиите?“ престана да ме мачи веќе долго време и фала му на Бога за тоа, тие луѓе ми станаа толку небитни во мојот живот.

  • Престара сум за да ги бројам ситните гревови

Сега сум доволно стара за да имам само гревови. Чаша вино секоја вечер ми стана навика. Сладолед еднаш неделно, го преименував во сладолед секој ден. Така за да можам да уживам во своите гревови кои повеќе неможам да ги класифицирам во мали зошто ми пораснаа апетитите.

  • Престара сум за неудобна облека

Сега гледам дека ништо во животот не ме ограничува. А моето движење низ годините го ограничуваше висока потпетица. Не можев да се движам со темпото со кое сакав да се движам. Секогаш нешто ме жулеше, ме болеше. Сега носам само рамни чевли и среќна сум ако погодам два исти чорапи додека се обувам.

  • Престара сум да се извинувам за нередот во мојата куќа
Прочитајте и...  Погледнете во првата аптека во светот која наместо апчиња против болки препишува-песни!

Во мојата куќа е неред зошто имам попаметна работа отколку да чистам. Ете вака изгледа кога работам друго и да, куќата никогаш не ми е чиста „како аптека“!

  • Престара сум за прибирање се и сешто во мојата куќа

 Не собирам и не чувам повеќе ништо. Да не почнев на време да фрлав некои кутии, хартија, гардероба, досега во мојата куќа ќе немаше место и за мене. Спомените ги чувам исклучиво во мојата глава.

  • Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зошто да трпам искомплексирани луѓе кои ми ги тестираат нервите. Имам доволно години за да знам чие друштво ми годи, а чие не. Тие што не ми се допаѓаат не сакам ни да ги гледам повеќе.

  • Престара сум да го барам доброто во секој човек

Зошто да губам време? Не се сите луѓе добри. Тоа е така едноставно. Ако некој направи нешто лошо, тоа е поради што имал лоша намера, повеќе никого не оправдувам. Делата кажуваат повеќе од зборови. Сега сум доволно стара за да можам да кажам „Ти не си добар човек!“ и да продолжам понатаму.

Најпопуларно


To Top