МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Галерија

Жена креира преслатки играчки користејќи волна (ГАЛЕРИЈА)

Настасја Шуљак израснала опкружена со природата, што се одразува и во нејзините минијатурни уметнички дела.

Оваа руска уметничка креира минијатурни играчки од волна. Поларни мечки, лавови, лисици и други животни кои изгледаат како да излегле од Земјата на чудата.

Настасја денес е дизајнер кој прави играчки од волна. Нејзината приказна започнала пред десет години додека работела како уметник и во театар.

Од еден пријател, непосредно пред Нова Година, добив неочекуван подарок – пакет волна. Од него направив мечка и зајак. Во истиот тој момент се заљубив во волната и во нејзините бескрајни можности“, изјави Настасја за Bored Panda.

Таа ова не го доживува како уметност. „Тоа се парчиња радост. Гледам искри во очите на своите купувачи кога ги купуваат моите играчки. Таа детска радост во возрасен човек и ден денес ме возбудува и изненадува“, додала таа.

Природните материјали во нејзините играчки не се случајност. За тоа, вели, не ни размислува. Природата и е во крвта.

Тоа не е евтин обид да бидам во тренд. Долго живеев во природа. Детството го поминав во градче покрај морето, често одев во шума со родителите..“, кажува Шуљак.

Настасја денес живее во Москва. Кога не е зафатена со продажба на своите ракотворби на Инстаграм, таа држи работилници и учи други како да прават играчки од волна.

Најпопуларно

To Top
Close