Жена му дозволува на својот сопруг да ѝ бира облека една недела и резултатите се смешни

Жените секако подобро го разбираат чувството кога неможеш да најдеш што да облечеш за некаква пригода и покрај тоа што поседуваат илјада парчиња. Времето го минуваат пред плакарот жалејќи се дека нема што да облечат. Всушност не дека нема што да облечат, туку неможат да се одлучат дали тоа парче е соодветно за пригодата на која што ќе го носат.

Нели ќе биде полесно некој друг да одбере што да носите, а вие само да го облечете тоа?

Една жена одлучила да го направи токму тоа. Кејтлин му дозволила на својот сопруг Колин една цела недела да ги бира комбинациите што таа ќе ги носи. Низ таа недела тој научил скришни ќошиња во нејзиниот плакар, а таа научила многу интересни за него како бонус на сето тоа.

Понеделник

На овој ден после неколку минати пред плакарот на неговата сопруга, Колин извлекол шарен фустан.  Бидејќи тој ден Кејтлин имала деловен состанок таа сакала да облече костум, но Колин и рекол „се е покриено, никој нема да зјапа и плус креира пролетно расположение“. Сепак луѓето зјапале, па дури и коментирале дека има многу добра имагинација.

Прочитајте и...  ХИТ ВИДЕО: Се соблече во градски автобус во Белград и заигра во розева сукња

Вторник

Вториот ден нејзиниот сопруг и рекол дека сака да ја облече во светли бои за да излгеда светло како сонце, бидејќи е сончев ден. Колин ја обожавал нејзината торба со испринтана куќа, додека додал дека со старите чанти изгледа старо.

Среда

Нивната годишнина се ближела, а тие одлучиле дека ќе ја прослават дома со пријатна вечера. За оваа вечер сопругот одбрал едноставен црн фустан. Таа ноќ изгледала како нивниот прв состанок.

Четврток

Таа не го носела овај црвен фустан веќе долго време. Се изгубил некаде низ плакарот и тотално го заборавила. Црвена не била нејзина омилена боја, а таа мислела дека фустанот е и прекраток, но Колин го обожавал. Во овој фустан таа била на средба со неколку родители од училиште, а комплиментите од нејзиниот сопруг баш и годеле.

Петок

Во петок имале договорено средба со родителите на Кејтлин, а за таа пригода Колин избрал сосема поинаква комбинација од она што таа го замислила. Сакала да носи зелен фустан и темни чевли, но колин избрал тексасен комбинезон. Навистина се чувствувала удобно. Комбинирано со капче и тексас јакна навистина изгледало модерно.

Прочитајте и...  Имавте лош ден? Погледнете го ова видео и ќе го смените вашето мислење

Сабота

Овој ден го поминале заедно како семејство. Тогаш Колин си поиграл со модните додатоци. Тој дури и ја облекол во неговата јакна тврдејќи дека изгледа слатко во неа.

Недела

Немале планови за во недела, сепак Колин сакал да го одбере последниот изглед за неговата сопруга. Тој одбрал фустан во кој таа ќе се чувствува елегантно и женствено. Овој фустан стоел во плакарот чекајќи вистинска прилика да се облече, на крајот испаднало дека конечно е време. Прекрасен живот со нејзиниот сопруг е совршена прилика за да го облече токму овај фустан.

По експериментот Кејтлин била изненадена со каква посветеност нејзиниот сопруг ги бирал нејзините дневни изгледи. Секое утро барал облека што мислел дека ќе ја насмевне.

Таа исто така има модерни совети за секој од нас: Не треба да чекате вистинска прилика за да облечете вечерен фустан или патики и обична маичка. Ако се чувствувате удобно, не треба да чекате ни момент. Ако вашиот сопруг ве гледа со очи полни со воодушевување, не грижете се што ќе речат другите. И дозволувајте му на вашиот сопруг почесто да ви бира облека, ќе бидете пријатно изненадени.

Прочитајте и...  10 врати кои изгледаат како да водат во некој друг свет
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.