Пеколот нема толку лутина колку жена која се чувствува предадено. Една млада разведена жена ja докажа вистинитоста на оваа поговорка откако го запали нејзиниот венчален фустан во фотосесијата за “зајакнување” за да го прослави крајот на нејзиниот брак.
Кејтлин Моки, од Илиноис, одлучи да се прошета низ кал и да ја изгори нејзината венчаница во вредност од 1500 долари, откако реши да се разведе од нејзиниот сопруг.

Кетлин изјави дека уништувањето на нејзината венчаница конечно ја ослободил по 4 години несреќен брак.
Тие биле заедно 10 години пред да решат да ја овековечат нивната љубов со брак минатото лето.

Кејтлин изјави: “Таа врска не беше добра, па ова е големо олеснување за мене. Бевме заедно од моите 16 години, а 4 години бевме во брак. Но, нашите патишта се разделија.”

Пред да го направи ова Кејтлин, направила мало истражување на кој начин да ја уништи нејзината венчаница.
“Тоа беше како мојот бунт против бракот, мојот начин да кажам дека сум слободна. Дојдовме на ова мало место со кал и вода и носев шише вино и резервоар за гас во кошница. Влегов во водата во мојата облека, беше навистина валкано, па почнав да го кинам. Го отворив виното, го зедов и го запалив мојот венчален фустан.Го гледав како гори додека пиев вино. “
