„Моето куче е фабулозно како и јас, па затоа добива таков третман“, открива хип-хоп изведувачката.

Хип-хоп изведувачката Гвенејса Лилард од Тексас своето 5-годишно куче редовно го бојадисува во различна нијанса на розово.

Кучето стана сензација затоа што се појавува во нејзините музички спотови, но е забележително и по улиците.

Но, заштитниците на правата за животните овој третман го прогласуваат за тортура.
Сепак, Гвенејса вели дека како што си ја средува својата коса секоја седмица, така прави и со крзното на нејзиното куче и тука не гледа ништо лошо. Tретманот за бојадисување на нејзиното куче ја чини 150 евра.
