33-годишниот Д.Д. е сослушан откако инспекторите откриле дека со денови маскиран во вампир ја вознемирува неговата некогашна девојка, 46-годишната В.П. и нејзиниот 60-годишен партнер и ги плаши додека имаат интимни односи.

vampir

Неверојатниот случај ја запрепасти и зајечарската полиција, а ловот на вампирот траел цели 10 дена.

В.П. избезумена влегла во полициската станица и извикала: „Ве молам, брзо морам да разговарам со главниот, не можам веќе да издржам!“ Кога во станицата виделе во каква состојба е жената се загрижиле и помислиле дека се случува нешто страшно, дека можеби е силувана, па веднаш ја однеле кај инспекторот, српските медиуми повикувајќи се на извори од полицијата.

-Ако вие не го уапсите вампирот, јас ќе се убијам – рекла жената.

Таа раскажала дека секогаш кога таа ќе се обиде да биде интимна со партнерот, нејзиното поранешно момче преправено во вампир тропа на прозорот, а тоа се случувало и во нејзиниот дом и во домот на нејзиниот партнер.

Прочитајте и...  „Лица“: Kaко една жена ја преживува и се лекува од траумата на силувањето

Полицијата десет дена трагала по „вампирот“. Уапсениот после разговорот со полицијата е пуштен на слобода и поминал само со опомена.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде