Жена во Старата скопска чаршија четири ноќи поминува на отворено, не сака со никого да комуницира

Уличките на Старата скопска чаршија станаа живеалиште на оваа жена која 4 ноќи помина пред џамијата „Ќосе Кади“. По објавените фотографии на социјалните мрежи, ТВ21 отиде да ја посети. Таа не сакала да комуницира со нив. Жителите рекле дека одбива комуникација и со нив.

Екипата на ТВ21 ги извести полицијата и Црвениот крст со цел таа да не помине уште една студена ноќ под отворено небо. Откако пристигна полицијата и екипа на Црвен крст, се обидоа да ја убедат да ја сместат некаде но таа одбиваше.

Сандра Томовска од Црвен крст рече дека се додека таа одбива помош, тие не можат да ја земат насила, можат само да и понудат помош таму каде што е.

Според законските процедури, ниту полицијата не може да ја земе насила и да ја однесе во некое засолниште или болница, туку може да ја смести само Социјалниот центар или Црвен крст. Претставник на Социјалниот центар побара асистенција од полицијата за да ја земат, но како што се чини, без успех.

Прочитајте и...  Квотите за лекови од утре заминуваат во историјата

Извор: tv21.mk

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде