Галерија

Жена заработува 3.500 евра месечно продавајќи ги своите селфи фотки

Овој начин на лесна заработувачка носи низа ризици, но 23-годишната Мајлс го прави тоа.

Лоти Мајлс е 23-годишна девојка од Англија, која заработува речиси 3.500 евра месечно продавајќи свои селфи фотки онлајн.

Пријателка ѝ кажала за платформата „OnlyFans“ каде луѓе се претплатуваат за да гледаат фотографии од разни модели. Плус, тие може да стапат во контакт со креаторот на содржината, да побараат каков тип на фотографија сакаат и да разговараат со него преку пораки. 80% од сумата што е уплатена оди на сметка на креаторот на содржината.

Мајлс си направила свој профил и заработува фотографирајќи се во нејзината спална. Вели дека кога ги продава фотографиите, купувачите сами ѝ даваат совет како да ги подобри фотките и нови предлог кадри.

Мајлс секој ден прикачува фотографии и вели дека ова сега и е работа со полно работно време, но го смета само за привремено решение.

Прочитајте и...  18 фасцинантни фотографии кои покажуваат различни погледи на светот

Ѝ се допаѓа што тајмингот е флексибилен и дека во текот на денот може да прикачува и фотографии кои ги направиле претходно. Сепак, некои од фотографиите се малку провокативни и таа се плаши дека некогаш може да стане жртва на уцени., бидејќи некои од „купувачите“ на фотките сакаат да останат анонимни.

Изгледа девојките во светот, за жал, би направиле речиси сè само за да не работат нормална работа и да заработат на што е можно полесен начин.

Најпопуларно


To Top