in

Жените кои читаат книги се секси, забавни и самостојни

Во денешно време е скоро невозможна мисија да најдете девојка којашто обожава да чита книги. Доколку пронајдете таква, чувајте ја како капка вода на дланка.

Кои особини ги красат љубителите на книги?

Забавни се

Доколку планирате да бидете среќни до крајот на животот, ви треба некој кој знае да размислува. Некој кој не можете толку лесно да го прочитате. Со други зборови, личност со којашто никогаш нема да ви биде здодевно.

Со ваквата партнерка и вие ќе бидете популарни во друштвото

Кога сте во друштво, забележувате дека секогаш се главни оние коишто имаат знаење од различна област, а оваа предност ја имаат оние коишто читаат книги.

Самостојни се

Жената којашто чита не зависи од нејзиниот партнер. Таа сака да поминува време сама со себеси, а исто така го почитува и слободното време на нејзиниот партнер.

Има став

Дамата којашто чита подлабоко ја сфаќа смислата на животот и не се интересира за површни работи. Таа донесува правилни одлуки во кризни ситуации. Може да ѝ верувате доколку се соочувате со проблеми.

Прочитајте и...  10 мистериозни книги кои ќе ве остават со подзината уста

Жените коишто читаат се секси

Од книгите, меѓудругото, може да се научат и многу работи за љубовта и сексот. Па, немојте да се изненадите кога вашата партнерка ќе побара да ѝ исполните некоја сексуална фантазија.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote