Забава

Жените кои остануваат сами подолг период се најсреќни: Еве зошто!

Живееме во време кога жените кои се слободни се сожалувани поради тоа што немаат партнер и обично се категоризирани како несреќни, неисполнети, изолирани и осамени.

Но вистината е дека кога станува збор за жените и нивниот љубовен живот, да се биде во врска не е критериум за да се биде среќен.

Зошто?

Затоа што слободните жени не ја базираат својата среќа и успех врз нивниот љубовен статус.

Затоа што жените кои што се сами подолг период не се несреќни, осамени, мизерни или емоционално нестабилни.

Затоа што не им треба партнер за да се чувствуваат исполнето- тие веќе се исполнети.

Затоа што модерните стереотипи велат дека треба да се чувствуваат лошо и помалку вредни заради тоа што немаат партнер.

Ова се доволно причини за да се одговори на прашањето зошто жените се одлучуваат да бидат сами некое време, зар не?

Можеби тие не се навикнати да ги нарекуваат „нечија девојка“, можеби се слободни уште од времето на средношколските денови.

Прочитајте и...  Кога жените ќе наполнат 33 години официјално се претвораат во своите мајки

Можеби имале неколку бивши кои им го скршиле срцето и си отишле.

Можеби биле на неколку состаноци со надеж дека тоа ќе биде вистинскиот маж, но тие состаноци никогаш не се претвориле во љубовна врска.

Или можеби се одлучиле да бидат слободни зошто само им треба пауза од брзиот живот.

Без оглед на причината, жените кои се сами подолг период се најсреќни, еве зошто:

Тие се најсреќни зошто се задоволни од себе. Тие се задоволни од самите себе. Не им пречи да одат на шопинг сами или да седнат сами во омиленото кафуле или ресторан.

Не се чувствуваат осамено кога спијат сами. Не им е незгодно да се појават на венчавка сами. Не се чувствуваат тажни само заради тоа што немаат парнер за да ја поминат вечерта со него. Тие уживаат во сопственото друштво.

Тие се најсреќни зошто имаат време да си посветат на своите потреби, цели и страсти.

Го имаат сето време кое им е потребно за да сфатат што сакаат и пто им е важно во животот. Имаат време да си направат листа за своите приоритети.

Тие се среќни зошто успеваат да ги исполнат нивните цели и соништа, наместо да се откажуваат од нив.

Прочитајте и...  Две жени се тепале за паркинг место во трговски центар во Скопје

Тие се среќни зошто се повеќе поврзани со своето семејство, пријатели и колеги и никој не им го ограничува времето кое може да го поминат со нив.

Тие се среќни зошто се независни.Способни се да се грижат за самите себе. Веруваат во себе и знаат дека можат да изградат среќен и значаен живот за самите себе.

Тие се среќни зошто знаат дека партнерот не им е центарот на светот. И не е единственото нешто на кое мислат цел ден.

Наместо да го трошат нивното време барајќи слободни момци, овие жени трагаат по работите кои сакаат да ги постигнат во својот живот и да ја осигураат својата иднина.

Жените кои немаат некој во својот живот подолго време не се исплашени од идејата да останат сами засекогаш по цена никогаш да не се омажат. Тие се навикнати да го живеат својот живот баш така. Сами.

Поминувањето на време во тишина не ги прави да се плашат од осаменост- напротив. Тие уживаат во тишината. За нив тишината не е заплашувачка, таа е инспирирачка.

Прочитајте и...  Баба Јока се мажела 17 пати : “Првиот маж ме сакаше, ама неговите му збореа дека сум грда, па си отидов”

А ако сретнат некој човек со кого ќе започнат врска, тоа треба да биде некој кој ќе ги инспирира и поттикнува двојно.

Некој кој е веќе среќен, исполнет и успешен како единка. Некој кој е паметен и силен како што се тие самите, некој кој е способен да ги вметне во секој аспект од неговиот живот.

Тоа ќе биде некој кој знае дека оваа жена има планови, соништа и цени и тие се само нејзини и во нејзина контрола. Некој кој ќе биде среќен кога таа ќе оствари своја цел и ќе ја охрабри да продолжи понатаму. Некој кој ќе ја направи посреќна и посилна од тоа што веќе е.

Затоа што ваквите жени никогаш нема да се откажат од својата независност и индивидуалност. Тие никогаш нема да се откажат од своите цели и желби и нема да заборават кои се во процесот на љубов кон некого.

Најпопуларно


To Top