На девојките помеѓу 15 и 16 години мајките им ги пресекуваат усните и им ги кршат двата предни заби на долната вилица за да можат да стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).

Во долината на реката Омо во Етиопија живеат неколку племиња. Едно од нив е племето Мурси кое живее во близина на границата со Судан.
Носијата на ова племе е исклучително богата и разновидна, а особено се познати жените на ова племе кои носат чинија во уста.

Постојат теории кои го објаснуваат ова
Една теорија вели дека Мурсите верувале дека лошите духови влегуваат во устата, па со помош на чинијата од нив се бранат. Друга теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот на жената. Колку е поголема чинијата, толку е поголем и миразот.

Вметнување на чинијата
На девојките помеѓу 15 и 16 години мајките им ги пресекуваат усните и им ги кршат двата предни заби на долната вилица за да можат да стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).
Се започнува со помали чинии, а големината се менува по одредено време, доколку девојките можат да ја трпат болката која е присутна во текот на ширењето на устата. На жените им е многу напорно постојано да ја носат чинијата во устата, па ги ставаат само кога имаат племенски прослави.


