Случувања

Жените во Јапонија го кренаа својот глас – бараат закон против задолжително носење штикли на работа

Повеќе од 19.000 луѓе во Јапонија ја потпишале петицијата со која бараат закон кој ќе им забрани на работодавачите да ги тераат жените да носат штикли на работа.

japonki stikli 696x449

Петицијата ја започна Јуми Ишикава, која вели дека и е наложено да носи високи потпетици иако работи во сала за погреби. Нејзините твитови за ова прашање станаа вирални, и имаат повеќе од 30.000 споделувања.

Кампањата во Јапонија се води под хаштагот #KuToo, кој си игра со јапонските зборови за чевли “kutsu” и болка “kutsuu”, а исто така алудира и на движењето #MeToo, јавуваат јапонските медиуми.

Луѓето кои ја водат кампањата укажуваат дека носењето високи потпетици се смета за задолжително кога се пријавувате за работа.

Г-ѓа Ишикава, која е актерка, вели: „Се надевам дека оваа кампања ќе ги смени општествените норми, така што нема да се смета за лош манир кога жените носат рамни чевли исто како мажите.“ Таа додава и дека се запознала со официјални преттавници кои „сочуствувале“ со жените.

Прочитајте и...  Маж се фотографирал со мртви тела на бебиња слонови велејќи дека ги убил во самоодбрана

Кампањата во јапонија не е прва од овој вид, кога се работи за промена на кодекс на работна облека за жените.

Никола Торп започна петиција со која се бара промена на кодексот на облекување на Велика Британија, откако била замолена да носи високи потпетици во финансиската компанија PwC, јавува ББЦ. Таа била ангажирана како привремен член на персоналот и одби да се придржува кон кодот на облекување. По медиумските реакции, аутсорсинг фирмата Портико објави дека жените може да “носат обични рамни чевли”.

zhenite vo japonija go krenaa svojot glas baraat zakon protiv zadolzhitelno nosenje shtikli na rabota 02

Во 2017 година, канадска провинција го укина кодексот на облекување кој бара од вработените жени да носат високи потпетици. Владата на Британска Колумбија истакна дека носењето високи потпетици носи ризик од физичка повреда при лизгање или паѓање, како и можно оштетување на нозете, нозете и грбот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top