Текстови и колумни

Жено, не гледај во минатото, знај дека тој се нема променето..

Кој знае колку пати си кажувам себеси дека не вреди да гледам на назад, но толку ми е важно што се уште не ќможам да сфатам дека не го сакаш истото што и јас, дека не те интересирам и дека за тебе сум само број, додека ти мене си ми се што сум имала во животот. Кој знае колку пати си кажувам себе си дека заслужувам некој кој ќе ме сака онаква каква што сум, искрено и со многу љубов, па да знам кому можам да му верувам, да имам некој кому ќе му бидам на прво место баш ваква, но за жал работите никогаш не излегуваат онака како што посакуваме.

Ми велиш дека ти значам. И знаеш што е најлошо: тоа што јас тебе и ден денес после толку твои лаги се уште ти верувам, како да сум дете, иако одамна сум зрела жена, жена која си ја повредил најмногу на целиот свет. Наместо да ја свртам главата и да дадам се од себе да не те погледнам повеќе никогаш, јас во својата глава креирам идеи како ти значам, како ти умееш да ме сакаш, како си се променил. Мојот разум знае дека ти никогаш нема да се промениш, но кога го слушаш срцето секогаш лошо поминуваш и јас сум правиот пример за тоа.

Прочитајте и...  Осмата книгичка е тука! Погледнете која е следната мисија на нинџите!

Ми велиш дека сепак ти значам. Но јас знам дека ти си човек кој е спремен на се и на секаква врста на лаги за да го добие она што го посакува. Знам каков си ти, но сепак ти верувам и тоа е тоа што ме боли најмногу од се. Да можев барем да го вратам времето, барем малку, да не те сретнев никогаш и да никогаш не паднев на тие очи со боја на небото кои ме доведоа право до пеколот.

Не смеам да бидам твоја повторно. Не смеам ни да помислам дека ти си прекрасен човек. Човек кој е способен да ме сака, човек на кој ќе можам секогаш да се потпрам. Дека ќе сфатиш каде си погрешил.

Не смеам да посакам да се вратам во минатото, зошто тоа што ние го имавме толку ме погоди, што просто не знам дали некогаш ќе бидам во состојба да верувам некому повторно. Не смеам ни да помислам да поверувам дека си се променил, зошто само ако уште еднаш го послушам моето лудо срце кое се уште те сака како првиот ден ќе биде лошо за мене. Срцето ќе ми биде скршено, а јас повторно ќе се чувствувам како светот да ми го свртел грбот зошто едноставно нема поента кога ти не си мој, кога јас не сум твоја.

Прочитајте и...  Трогателна приказна: Почитувајте ги вашите родители кога ќе остарат

Морам да го слушам разумот, бидејќи срцето ме доведе до пропаст. Заради тебе се растажив, заради тебе плачев. Заради тебе секој нов ден беше тажен и живеев само за да те имам, а ти ме газеше. Никогаш и не ти бев важна, никогаш и нема да ти бидам. Ти си таков човек. Само тебе да ти биде убаво, за тебе жените се само играчки. Ја земаш и ја искористуваш, па потоа ја фрлаш. И така ден за ден, од ноќ за ноќ. Не смеам да гледам назад, ниту пак да ти се вратам.

Автор: С.С.

Доколку сакате да објавиме ваш текст или колумна, пратете ни на нашиот мејл: [email protected]

Најпопуларно


To Top