Животински свет

Живот во успорен филм: Како животните го доживуваат времето?

Како мачката знае дека е точно 9 часот за да се „нацрта“ пред чинијата за храна?

zivot u usporenom filmu 314737478

Фото: Shutterstock

Ваквото однесување на мачките е само реакција на случувањата во средината во која живее. Мачката чувствува кога треба да побара храна благодарејќи им на осцилациите во биоритамот – промени во нивото на хормони, телесната температура и активноста на мозокот. Организмот на животните, па и на човекот, постојано поминува низ еден ист циклус кој се нарекува циркаден ритам – за 24 часа се менуваат состојбите на длабок сон и максимална активност.

Јасно е дека животните имаат чувство за време, но сосема е поинакво прашањето како тие го доживуваат минувањето на времеto. Се вели дека една човекова година e еднаква на 7 кучешки години, но како нив ги доживува кучето? Дали времето му поминува побавно? Во 2014 година едно големо истражување за перцепцијата на времето кај животните навистина потврди дека животните имаат различни временски скали и дека на тоа најмногу влијаат нивната телесна маса и метаболизам.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Мачка трча на справа, а потоа се случува нешто неочекувано

Како утврдиле такво нешто? Произлегува дека перцепцијата на времето зависи од тоа со која брзина ги обработуваме сетилните информации. Ако на животно му покажете светло кое премногу брзо трепка, тие тоа ќе го доживеат како зрак светлина и нема ни да го забележат трепкањето. Оние животни кои ги забележуваат и тие трепкања се по правило ситни животни со бавен метаболизам, па времето им поминува пополека. Истражувачите ги спроведоа овие тестови на различни гуштери, птици, риби и цицачи и откриле дека колку животните се помали и имаат побавен метаболизам, толку во нивната перцепција времето поминува побавно: малите животни живеат во успорен филм.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top