Животински свет

Моќна приказна: Понекогаш и едно мало беспомошно маче може да ве направи подобра личност

Алекс Гриншпун е уметничка која се обидела да спаси живот на напуштено маче. Иако не преживеало, оваа приказна за едно мало и кревко суштество станало нејзина голема инспирација во животот.

PqXOxcVlrIUzDx7X1 5q 1082139396

За жал, вакви ситуации не се случуваат често. Но, добро е да помислите на тоа и да направите добро дело.

Ова е приказната на Алекс:

На паркингот каде поминувала имало картонска кутија со две штотуку родени мачиња. Некој ги напуштил.

Како и повеќето љубители на животни, така Алекс Гриншпун не можела да се заврти и да си замине. Ја земала кутијата и ја однела дома.

i2Xyq8S83cbTqdZg13sX 1082139409

Мачето со толку мал раст тешко можело да ја одржи својата телесна температура, а според тоа што го проценила Алекс, веројатно никогаш не успеало ниту да проба од мајчиното млеко, пред некоја злобна личност да ги исфрли и да ги остави на улица.

Алекс ги хранела на секои неколку часа со помош на шприц и се обидувала да им ја одржи температурата со помош на шишиња вода и ќебенце.

2j9ozIuwPOoI6OzDdQ2i 1082139402

За жал, едното маче не успеало да го преживее ниту следниот ден.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Џиновската панда По роди близначиња

Алекс и нејзиното куче продолжиле со заеднички сили да се борат за животот на другото маче.

Иако, после еден месец изгледало како да закрепнува, мачето немало доволно силен имунитет за да издржи, бидејќи прерано било оттргнато од мајката.

Овој голем борец, сепак, не ја преживеал внатрешната инфекција. Тоа било голем удар за Алекс.

BrULP58 Wzjd6g7YRT9k 1082139418

„Иако животот на мачето беше краток, тоа беше опкружено со топлина, љубов и внимание“ – раскажува уметницата.

Алекс одлучила да не седи со скрстени раце, туку со реален пример да докаже дека ја научила лекцијата за храброста и упорноста.

Цврсто решила да ја продолжи својата мисија и да посвои маче кое ќе го спаси од улицата и ќе му го разубави животот пред да биде доцна!

XoXHAgVBiNiqO3YNjgwX 1082139427
dlcLBKEJTXNs3l8BlQie 1082139436


Најпопуларно


To Top