in

„Животот е единственото нешто кое не се дефинира…Животот се живее!“

Животот  е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината,засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња,боејќи со боите на заминатите денови  и четките на годините. Животот е роман,чии страници, ние треба да ги испишеме и тоа што еднаш ќе го запишеме на страната, не може ниту да се избрише, ниту да се искине. Но,сепак има една голема разлика помеѓу животот и романот. Во романот кога и да сакаме, можеме да се вратиме на најубавата страница, но во животот не можеме да се вратиме на најубавиот ден.Животот претставува една голема игра исполнета со многу изненадувања, разочарувања ,препреки,среќни и тажни  моменти и спомени,шанси… но како изминуваат годините и како расте нашето искуство во животот –сфаќаме дека стануваме се подобри играчи во животниот филм. Кога ќе се запрашаме:„Што е животот?“-Животот е полна приказна. Полна со љубов, полна со емоции. Полна со слики,но не секогаш полна  и завршена со моменти и зборови. Спомените го прават животот да е полн со совршености,полн со   недостатоци  и полн  доблести.„Што е човек  без спомени?“-Празен лист. Секоја индивидуа ги носи оние убавите и оние понеубавите спомени во животот. И ни едните може да ги избришеме од  нашиот животот ни другите понеубавите.Сите  остануваат доживотно во нас како жиг. Млада сум, кој знае уште колку планови има Горниот за мене,уште што ќе не ми се случува во животот само здравје Боже.Ама и досега  во мене има и убави спомени,а има и кошмари…Не успеав да ги исфрлам залудно се трудев.Само си ветив дека дека ќе се потрудам да им придавам помалку важност ,помалку од времето за да мислам на се што се случило.Некои спомени во животот болат, некои те полнат со позитивна енергија, некои  со мир и спокој, насмевка… Нешто што било и поминало,ама некаде оставило трага.Само да не живееме од спомените во спомените!
„Животот е единственото нешто кое не се дефинира…Животот се живее!“

Автор: Исидора Мрсеска

Прочитајте и...  Си замина без поздрав - поема

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote