Македонија

„Животот е прекрасен“ гостува во Народно позориште Белград

133117550 49516

Премиерата на претставата се одржа на 10 април 2016 г. на големата сцена во Македонскиот народен театар. Оттогаш, покрај изведбите на репертоарот на матичната сцена, „Животот е прекрасен“ патува и надвор од границите на државата. Во 2017 г. гостуваше во Хрватското народно казалиште, потоа на 41. Денови на сатира во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух, Загреб, Хрватска, како и на театарскиот фестивал МИТЕМ во Унгарија во 2017 г.

Според режисерот, ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено.

Актерската екипа во претставата ја сочинуваат: Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Благој Веселинов, Александар Ѓорѓиевски, Александар Михајловски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска и оркестарот „Раскрши се“.
На визуелниот дел на претставата работеа уметници меѓу кои: Никола Тороманов – сценограф, Марија Пупучевска – костимограф и Инга Красовска – кореограф.

Прочитајте и...  Граѓаните се враќаат на работа, започнува меѓуградскиот превоз
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top